Дами и господа вечерва започнува ЕХФ Лигата на шампиони

Вечерва од 20:00 часот и официјално стартува почетокот на групната фаза во ЕХФ ракометната Лига на шампиони. ББЦ Арената во Шафхаузен ќе биде домаќин на премиерниот натпревар помеѓу домаќинот Шафхаузен и полски Киелце. Швајцарскиот тим по пауза од една година повторно се враќа во Лигата на шампионите и со посебни мотиви го најавува својот прв настап пред домашните фанови, додека пак полскиот тим доаѓа по победа во Швајцарија и успешно отварање на овогодинешната сезона во ЛШ. Киелце оваа година ќе се обиде да го повтори успехот од пред две години кога се пласираше на “фајнл-фор” турнирот.

Марк Хофф (помошник тренер, Шафхаузен):

Од денеска во нашата арена повторно ќе се игра ракомет на светско ниво. Противник ни е екипата на Киелце која игра ракомет на највисоко ниво. Ние мора да дадеме се од себе на овој натпревар доколку сакаме да обезбедиме позитивен резултат против Киелце.

Талант Душебаев( тренер, Киелце):

Го следевме нашиот ривал во ЛШ на четирите претходни натпревари вклучувајки го и Швајцарскиот суперкуп. Забележлив е недостатокот на според мене најдобриот играч на екипата на Шафхаузен, Петар Кукучки. Тешко е да се најде замена за тој ракометар. Екипата на Шафхаузен е подеднакво квалитетна на сите позиции, имаат доста квалитетни крила како што се Маркус Ричвин и Мануел Линигер. Исто така играат квалитетни ракометари како Марко Мамиќ, Александар Стојановиќ и Рарес Јурка, кои имаат искуство со настапи во Лигата на шампионите. Ќе дадеме се од себе со победа да ја стартуваме овогодинешната сезона во ЛШ.

Натпреварот помеѓу Шафхаузен и Киелце започнува во 20:00 часот каде во преполната ББЦ Арена домаќинот ќе се обиде да докаже дека може да се натпреварува во најсилното ракометно друштво, и да го направи првото изненадување во ЛШ оваа сезона.