Дали конечно го најде вистинскиот клуб? Поранешен вардарец потпиша за Потаиса Турда!

Српскиот интернационалец Стефан Терзиќ кој две години помина во Вардар, а последниве три години настапува во Бенфика донесе одлука да се врати на Балканскиот полуостров. Тој од следната сезона ќе биде нов играч на романската екипа Потаиса Турда.

Десниот бек за поминатото време во Бенфика успеа да освои еден Супер Куп и  еден Куп на Протугалија, но не се изнаигра. Тој се враќа близу татковината, откако од Вардар замина во Ла Риоха каде помина една сезона, а потоа и во Бенфика.

Терзиќ може да се пофали  дека го има кренато пехарот од Лигата на шампионите, кога во сезоната 2012/13 настапуваше за Хамбург кој стана шампион на Европа. За репрезентацијата на Србија повремено натапува од 2012 година.