Го смени клубот, но не и државата: Елена Ливриниќ потпиша за Рапид Букурешт

По три сезони минати во Данубиус Галаци, македонската репрезентативка Елена Ливриниќ ја промени средината.

Нов предизвик за левиот бек, што одлично се снаоѓа и на плејмејкерската позиција ќе биде составот на Рапид Букурешт, со кој ќе настапува во Лига Национала следната сезона.

Ливриниќ потекнува од тимот на Металург, со кој играше и во европските купови, а веќе четврта сезона е дел од романскиот шампионат.