Гоце Ојлески уверува: Убеден сум дека нема да ни се повтори Татабања

Покрај лошото издание против Татабања, кај играчите на претставникот на Македонија во ЕХФ купот атмосферата, сепак, не е нарушена. Сите се согласни дека лошата игра нема да се повтори и дека на средбата против Нексе ќе покажат далеку повеќе

Сето ова го потврдува и капитенот на екипата, Гоце Ојлески кој најави далеку подобро издание против Нексе в недела.

„Со новиот тренер екипата доби освежување. Напорно тренираме и верувам дека нема да ни се повтори натпреварот против Татабања. Имаме неколу повредени ракометари, но убеден сум во наше добро издание“, вели капитенот Ојлески.

Натпреварот се игра во салата ‚‚Боро Чурлевски‘‘ во Битола која се очекува да биде исполнета и со помош на публиката ракометарите на Еурофарм Работник да се обидат да направат изненадување против фаворитот. Мечот почнува од 19 часот.