Гоце Георгиевски доби нов соиграч во Букурешт

Романскиот шампионат станува сè поинтересен за играчите од повискоко рангираните лиги, а четвртопласираниот тим од минатата сезона ЦСМ Букурешт успеа да го привлече Александро Позер кој го напушти Францускиот Данкерк. Toj одлучи да им се придружи на Романците и да потпише две годишен договор.

Заминувањето на бразилскиот пивотмен беше најавено во март кога побара неговиот договор да биде раскинат во јуни со цел да го напушти Данкерк и да пронајде нова средина во која ќе се чувствува подобро. Во дресот на Данкерк на 24 натпревари постигна 32 погодоци.

Позер е седмото засилување во тимот на Букурешт после доаѓањето на Јакуб Крупа, Енрике Тешеира, Сајад Естеки, Маруен Магаиз, Алахкарам Естеки и Даниел Бера и се најавува како одлично засилување за тимот на Гоце Георгиевски кој ќе го брка првото место во домaшниот шампионат.