Гоце Георгиевски ги наполни мрежите на турнирот во Бузау (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски се наоѓа во одлична форма пред почетокот на новата сезона. Тој беше играчот што успеа да постигне најмногу голови така што од Бузау се враќа со пехарот за најефикасен играч.

Тој со неговиот тим ЧСМ Букурешт го освои и првото место на турнирот. Со ова потврдија дека годинава ќе бидат многу поконкурентни во трката по трофејот.

Инаку, екипата на ЧСМ Букурешт го откажа своето учество на Струшкиот турнир, па замина за Бузау каде што успеа да биде најдобра. Сепак, од овој турнир најважното е дека Георгиевски е во одлична форма што секако ќе биде значајно за националниот тим.