Горење продолжува се подмладува и да инвестира во иднината

Уште еден млад играч го освежува тимот на Горење за наредните сезони. Станува збор за седумнаесет годишниот Лука Логар кој досега играше за Изола. Toj е млад и талентиран голман кој настапува и за репрезентацијата на Словенија до 18 години.

Роден е во 2000 година и најверојатно ќе има лимитиран број на настапи во првиот тим на Горење токму поради присуството на Емир Талетовиќ и Милан Вујовиќ на голманската позиција. Тренерот Зоран Јовичиќ ќе води многу млад тим во наредната сезона, а Логар одлично се вклопува во неговите идеи.

Ова е дефинитивно засилување за во иднина бидеќи Логар нема искуство од играње на највисоко ниво, но како и да е талентот е неспорен, а со самото тоа и напредокот.