Горење најде експресна замена за испразнета бековска позиција

На Горење не му требаше долго време за да пронајде замена за Рок Овинчек кој неодамна потпиша за Целје. Екипата од Велење успеа да го придобие Словенецот Андраж Кете кој досега настапуваше во Марибор Браник и се очекува одлично да ја пополни празнината на средната бековска позиција.

Кете потпиша договор на една година со можност за продолжување за уште една. Играчот е висок 188 сантиметри, а првите ракометни потези ги направи во Ајдовшчина од каде што продолжи во Слован и во Урбанскејп Лока, а  претходните две сезони ги помина во Марибор Браник. Минатата сезона Андраж го освои сребрениот медал во домашниот куп каде што во финалето загубија од Целје, а во домашното првенство екипата на Марибор Браник заврши на седмото место.

Ова е седмото засилување за Горење после доаѓањата на: Алекс Кавчиќ, Давид Миклавчиќ, Емир Талетовиќ, Вид Левч, Миха Кавчиќ и Владо Матановиќ. Со ова Горење и понатаму продолжува да го освежува својот ростер внесувајќи млади и талентирани играчи во него.