Горан Кузманоски: Годинава ќе се бориме за висок пласман (ВИДЕО)

Еден од претставниците на Македонија на Струшкиот турнир, Е. Работник и во вториот дуел против тим кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите претрпе пораз. Овој пат беше загубен мечот против Бешикташ со 29:31.

Ова беше резултат кој можеше да биде и поинаков доколку не дојдеше до пад во последните неколку минути од средбата. Тогаш Бешикташ ги смени работите и дојде до предност.

Во таборот на Е. Работник најефикасен беше најискусниот Горан Кузманоски со 11 гола, а после средбата имаше свое видување.

„Не сум задоволен на резултатски план, но за нас ова се први контролни средби. Ние дојдовме овде после подготовките на Маврово и уште сме тешки. Ќе ни треба време за да успееме да го добиеме она што е потребно. Јас сум убеден дека Е. Работник ќе биде силен сезонава и дека ќе се бориме за висок пласман во првенството“, коментираше за 24 Ракомет, Горан Кузманоски

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.