Гонзалез: Мотивирани ќе патуваме за Исланд

Раул Гонзалез го имаше своето деби на селекторската позиција на Македонија  со голема победа против Исланд во рамките на квалификациите за ЕП 2018.  Скромниот Шпанец истакна дека е задоволен од натпреварот и од прикажаната игра на црвено-жолтите вечерва и се надева дека репрезентацијата ќе се пласира на ЕП.

„ Беше тешко, но изигравме добар натпревар и сега имаме шанса да се пласираме понатаму. Во Исланд ќе отпатуваме со голема мотивација. Добро изигравме во последните минути до крајот имавме висока разлика и задоволен сум од овој натпревар – истакна Гонзалез