Голужа: Само победа против Металург нè остава во игра за Ф4

Татран Прешов во последниот натпревар во СЕХА лигата пред своите гледачи го пречекува Металург. На домашниот состав му е неопходна победа за да продолжи да се надева на првото учество на завршниот турнир. Металург сезоната ќе ја заврши на деветтото место во СЕХА лигата што ќе биде најслабиот пласман од сите досегашни сезони, но сигурно и на овој натпревар ќе го дадат својот максимум за да остварат и втора победа против Татран во сезоната.

Пред натпреварот своите очекувања ги кажаа тренерот на Татран Прешов, Славко Голужа и голманот Марио Цвитковиќ кои се сложија дека на претстојниот натпревар имаат сериозен и тежок противник.

‚‚Ова ќе биде нашиот последен натпревар на домашен терен. И покрај позицијата на која се наоѓаат, знаеме дека имаат добара екипа и сигурно ќе бидат многу мотивирани. Мораме да играме добро, да се подготвиме добро бидејќи сигурно ќе биде тежок и борбен натпревар. Нема калкулации за нас, само победа ги одржува во живот нашите надежи за пласман на завршниот турнир. Би сакал да ги поканам сите наши фанови да дојдат да не поддржат во како што кажав последниот домашен натпревар од СЕХА лигата сезонава‘‘ – рече Славко Голужа.

‚‚Треба да направиме се што можеме за да се подготвиме на најдобар можен начин и да славиме против Металург. Без сомнение тие имаат добар тим, особено со некои од новите нивни засилувања. Тежок натрпевар е пред нас, но сите знаеме што тој значи за нас. Не очекуваме многу новитети кај Металург, игравме неколку пати оваа сезона и знаеме што е потребно за да ги победиме‘‘ – изјави Цвитковиќ.

Натпреварот меѓу Татран и Металург се игра денеска со почеток во 16:30 часот.