Голужа: Продолжуваме со подмладување! Бунтиќ сам побара да биде ослободен…

Турбуленциите кои се случија изминативе неколку дена, околу изоставувањето на Бунтиќ и Вуковиќ од репрезентацијата на Хрватска, беа повод, на денешната прес-конфереција, селекторот Славко Голужа да ја објасни неговата одлука.

Што се однесува на Вуковиќ, продолжуваме со подмладување и оваа година одлучив на таа позиција да играат Бичаниќ, Слишковиќ па и Карачиќ и Обреновиќ, а можеби и Дувнјак во некои мои визии заедно со Гојун како специјалист за одбрана. Го одбрав Блажевиќ кој има впечатлива сезона во Сегед и заслужи повик за Катар. Што се однесува на Бунтиќ, со него разговарав неколку пати, сам побара да биде ослободен од овој циклус од фамилијарни причини и то го прифатив. Лацковиќ за жал е повреден исто како и Лосерт.

За Катар ќе патуваат 16 репрезентативци на Хрватска, а подготовките ќе ги завршат 18 репрезентативци.