Голманската легенда Томас Свенсон пред нов предизвик

Голманската ракометна легенда, Томас Свенсон и довчерашниот тренер на Рајн Некар Ловен а сега селектор на данскиот национален тим Гудмундур Гудмунсон, долги години соработуваат на ракометниот терен. Најпрво како голман и тренер, а подоцна како тренер и помошник тренер во екипата на Рајн Некар Ловен со која го освоија ЕХФ купот во 2013 година, а мината сезона само поради гол разликата не ја освоија тутулата во Бундеслигата.

Пред неколку месеци Гудмунсон беше назначен за селектор на Данската репрзентација, а овојпат стигнува потврда дека и Томас Свенсон го засилува стручниот штаб на данскиот национален тим.

Svenson
Томас Свенсон (лево) заедно со Гудмундур Гудмундсон

“Многу сме среќни што успеавме да го донесеме еден од најдобрите голмански тренери на светот”-вели Улрих Вилбек. Поранешниот дански селектор сега е во функција на спортски директор на репрезентацијата, и очигледно знае како да ги постави работите на прав пат. Ангажманот на овој тренерски тандем само го потврдува тоа. Според Вилбек 46 годишниот Свенсон е “најдобар голмански тренер од неговата генерација”

Томас Свенсон веќе има работено со двата голмани на Данскиот национален тим. Со Никлас Ландин соработуваше во Рајн Некар Ловен, а беше тренер и на голманите на Магдебург каде настапува вториот дански голман, Јаник Грин.

“Благодарност до данската федерација што сум избран да бидам тренер на голманите на еден од најдобрите национални тимови во светот”– вели Свенсон.