Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Бидасоа Ирун (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска од 17:30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го играат последниот натпревар во рамки на Лигата на шампионите за оваа сезона.

Битолчани се домаќини на лидерот Бидасоа Ирун, кој веќе е пласиран во плеј-офот и е сигурно прв на табелата во Групата Ц.

Еурофарм Работник денеска ќе биде првпат сезонава без тренерот Стевче Алушовски, а ќе го водат Божидар Мојсов и Ице Соколески.

Нема притисок со оглед на тоа што е последен меч така што ослободени од притисок битолчани може да одиграат добра средба.

Натпреварот може да го гледате на следните ЛИНК 1 ЛИНК 2.