Ги уништи Хрватите, па потпиша за великан: Лангаро се сели во Барселона!

Бразилскиот репрезентативец Ханиел Лангаро потпиша за шпанскиот гигант Бареселона. На новиот клуб ќе му се приклучи на лето, по истекот на договорот со францускиот клуб Данкерк.

Светот го запозна Лангаро на Мундијалот во Германија и Данка, каде беше еден од најзаслужните за победата на Бразил над Хрватска и постигна девет голови.

Тоа беше доволно најголемите европски клубови да тргнат по негов потпис, бидејќи беше познато дека на лето ќе биде слободен играч.

Најбрза беше Барселона, а Лангаро ќе има соиграч од бразилската репрезентација, Тијагус Дос Сантос, кој веќе една сезона е во каталонскиот гигант.