Георгиевски за 24Ракомет ТВ: Бахреин е непознаница за нас, се подготвуваме максимално за натпреварот! (ВИДЕО)

Еден од поискусните ракометари во македонскиот национален тим е и десното крило Гоце Георгиевски. Актуелниот ракометар на ЦСМ Букурешт е задоволен од начинот на кој Македонија ја совлада Јапонија и веќе со мислите е на престојниот дуел против Бахреин.
Арапска репрезентација која е тотална непознаница за нас, и противник со кој се уште сме немале прилика да се сретнеме на големите натпреварувања. Според него, Македонија максимално се подготвува за престојниот натпревар, ќе бидат испочитувани сите зададени задачи од страна на селекторот, а сето тоа треба да ни ја донесе и втората победа во групата Б.

За престојниот натпревар против Бахреин , како и неговото мислење за останатите селекции во групата Б, погледнете ја целосната изјава која Гоце Георгиевски ја даде за 24Ракомет ТВ.