Втора победа за „македонскиот“ Одорхеи

Тимот на Одорхеи каде играат тројца македонски интернационалци, Горан Кузмановски, Милорад Кукоски и Гоце Ојлески, славеше над Стеауа со 32:26, во рамките на 2 коло од романскиот шампионат.

Ојлески постигна 1 гол на овој меч, Кузмановски два пати се запиша во листата на стрелците, додека Кукоски си ја заврши работата во одбраната и заработи две исклучувања. Во следното коло, Одорхеи гостува на Сучеава.