Врти сучи, Каменица пак во Македонија – го мерка Работнички

Еден од тренерите што бил во најмногу различни клубови во Македонија е Касим Каменица. Поранешниот сектор на Словенија, Црна Гора, БиХ додека работеше во Македонија беше дел од Младост, Кометал ЃП, Пелистер, Вардар. Последен пат беше дел од битолскиот супелигаш во 2016/2017.

За време на турнирот во Струга повторно често лица на трибините и околу беше Касим Каменица. И популарнот „Камени“ мерка нов клуб од македонското првенство. Сега во друштво со новиот менаџер на Работнички кој тргна во нов амбициозен ракометен проект.

Скопскиот клуб го има Ристо Трпчевски, но со оглед на тоа што поранешнот селектор на Македонија одамна не бил дел од некоја ракометна екипа и знаејќи ја амбицијата на Каменица, многу веројатно е дека ќе се обиде да најде ангажман во Македонија.

Работнички е најстариот македонски ракометен клуб но лани не настапуваше во системот на натпреварување. Сега повторно се возобновува, но прашање е колку ќе можат да се носат со екипите од домашното првенство, со оглед на слабиот квалитет на играчи. Без оглед на тоа што се најавени странски засилувања пред клубот претстои многу работа.