Во само неколку месеци: После клупската, тројца додадоа и репрезентативна европска круна

Тројца ракометари вечерва со победата на Европското првенство во Хрватска успеаја во неколку месеци да стигнат до две круни. На клупската титула европски првак и ја додадоа и титулата со својата репрезентација.

Арпад Штербик, Жоан Канељас и Алекс Душебаев имаа добра вечер со селекцијата на Шпанија и имаа можност да се радуваат во уште едно финале така што имаат причина за дополнително славје.

Шпанците покажаа дека одлично ги распоредиле силите и дека знаеја што сакаат од првата до последната средба на шампоонатот, па практично во голем стил го финишираа првенството.

Канељас и Душебаев беа со репрезентацијата од почеток, а Штербик пристигна кога беше најтеѓко. Тој мораше да го замени Перез де Варгас, кој се повреди на дуелот против Германија на крајот од втората фаза.

Како што е познато Душебаев не е веќе член на Вардар, но тој беше дел од тимот на Вардар кој минатата година триумфираше во Лигата на шампионите.