Во мај потпиша за Адемар Леон, а ќе си замине без да одигра ниту еден меч

Голманот Дмитриј Потоцки во финишот на сезоната потпиша договор со Адемар Леон за наредната сезона. Но тој се најде во непријатна ситуација откако Адемар на тренерската позиција го одбра Маноло Каденас кој не смета на услугите на Потоцки.

Во периодот кога Потоцки го потпиша договорот сè уште не беше познато кој ќе го предводи Адемар. Како што се покажа, Каденас воопшто не е заинтересиран за услугите на голманот. Менаџерот на Потоцки преговара со клубот, но најверојатно ќе ја напушти екипата.

„Не можев да замислам дека може ова да ми се случи. Сè уште не знам дали ќе играм во Адемар. Во моментот кога го потпишував договорот се беше поинаку“, рече Потоцки.

Според моменталната ситуација Потоцки ќе го напушти Адемар без да одигра ниту еден натпревар во Асобал лигата.