Војводиќ со гол на 2. коло во СЕХА, Ферлин со најдобра одбрана (ВИДЕО)

Средбата меѓу Вардар и Горење од 2. коло во СЕХА-лигата го привлече вниманието и со одличните потези на ракометарите, па фановите им дадоа најмногу гласови на Јања Војводиќ и Клемен Ферлин.

Бекот на Вардар, Јања Војводиќ го има голот на 2. коло кога упати вистинска бомба во голот на тимот од Словенија. Имаше конкуренција и во Мице Шилегов од Металург, но вардарецот имаше поголем број на гласови.

Голманот на Горење, Клемен Ферлин доби најмногу гласови за одбрана на колото, а таа се случи на мечот против Вардар. Практично се работеше за двојна одбрана бидејќи за само две секунди запре удари на Чупиќ и на Марсениќ.