Војводиќ игра малку, ама покажа дека има топ во раката (ВИДЕО)

Јања Војводиќ го има голот на натпреварот меѓу Вардар и Горење и тоа во акција во која речиси самиот го претрча целиот терен и биеше прецизно во голот.

Практично ова беше акција со само две додавања, но акцијата беше завршена со вистински топ-удар така што голманот на Горење немаше шанса за да интервенира. Оттаму оправдано Војводиќ го доби голот број 1 на мечот во кој Вардар славеше со 32:19 и ја забележа втората победа сезонава во СЕХА-лигата.