Вори: Сите потфрливме на ова првенство

Видно разочаран по поразот на неговата репрезнтација, Игор Вори во изјава за РТЛ го коментираше настапот на Хрватска на првенството.

“Единствената добра работа е што стигнавме до квалификациите за Олимписките игри во Рио. Се друго не е добро. Почнувајќи со мене како најстар играч и капитен, морам да кажам дека сите потфрливме. Најискусните треба да ја делиме вината врз себе. Нe изигравме добро, ова не го очекував” изјави Вори.