Владо Недановски пред преселба во Германија: Ќе има ли уште еден Македонец во Бундеслигата?

Еден од оние ракометари со најдолг стаж во „црвено-црниот“ дрес, Владо Недановски би можел да се пресели од Вардар во Бундеслигата. Левото крило на македонскиот шампион беше поврзуван со неколку македонски екипи, но последните информации го носат во Германија, а се споменуваат имињата на Ерланген, Штудгарт и Хановер како потенцијални дестинации.

Повремениот македонски репрезентативец беше дел од Вардар уште во 2003 година, а замина во 2008. Настапуваше за најдобрите македонски клубови Пелистер и Металург, за потоа во 2012 година повторно да го облече „црвено-црниот“ дрес со кој дојде до златниот медал во Лигата на шампионите 2017 година, како круна на најуспешната сезона во историјата на Вардар.

Засега не сакам да коментирам непотврдени информации околу мојата следна дестинација. Се уште сум ракометар на Вардар и од почит кон „црвено-црниот“ дрес се фокусирам на мојот сегашен клуб.- истакна Недановски.

Недановски на левата крилна позиција ја дели минутажата со искусниот руски репрезентативец Тимур Дибиров.