Данска: Виборг налета на незгоден противник, само реми на Рандерс против Никибинг

Данскиот вицешампион, Виборг на свој терен налета на незгоден противник во четвртото коло од данската супер лига. Во ” Виборг” арена гостин беше Силкеборг кој се покажа во одлично светло иако дома се враќа поразен. Натпреварот заврши со два гола разлика за ракометарките на Виборг 25 : 23 ( 13 – 12). Холстебро беше подобар од Орхус со 24 : 22 ( 15 – 15) и ја запиша својата втора победа во данската лига. На новите бодови се израдува и Ринкибинг кој беше убедлив против Копенхаген пред своите фанови со 21 : 16 ( 11 – 11).
Изненадување во четвртото коло направи екипата на Никибинг каде на свој терен ремизираше против големиот Рандерс со 21 : 21 ( 12 – 9). Без победник заврши  и натпреварот  меѓу Есбјерг и Митјиланд 21 : 21 ( 7 – 9).

Составот на Скиве на гостински терен беше подобар од Оденсе со 28 : 32 ( 16- 17).

Табела

 

1. Виборг 4 3 1 0 104:92 7
2. Митјиланд 4 2 2 0 102:79 6
3. Есбјерг 4 2 2 0 105:93 6
4. Рандерс 4 2 2 0 102:82 6
5. Холстебро 4 2 0 2 103:88 4
6. Скиве 4 2 0 2 96:120 4
7. Ринкибинг 4 2 0 2 81:80 4
8. Оденсе 4 2 0 2 105:106 4
9. Орхус 4 1 1 2 100:99 3
10. Силкеборг 4 1 0 3 89:120 2
11. Никибинг 4 0 1 3 79:91 1
12. Копенхаген 4 0 1 3 83:99 1