Веспрем чекаше три години, па му се одмазди на Келце (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Финалистите од 2016 година, Веспрем и Келце одиграа интересен натпревар во првото полуфинале од Лигата на шампионите во Келн, а тимот од Унгарија се реваншираше за поразот. Овој пат не беше дозволено да се случат истите грешки, па во финалето ќе игра составот на Веспрем.

Во меч каде имаше измени во водството и каде имаше чести промени во играта составот на Веспрем имаше поконцентрирани ракометари во клучните моменти. Петар Ненадиќ беше играчот кој не можеше никој да го запре и да биде најдена противигра, па на тој начин беше и пронајден патот кон финалето. Значењето од играта на Ненадиќ беше толку големо што дури и отсуството на Арпад Штербик не беше почувствувано така што на крајот од средбата 33:30 за Веспрем и место во финалето.

Јасно е дека утре во финалето ќе има барем еден Македонец бидејќи Дејан Манасков ќе биде таму со своите колеги, а дали ќе му се придружат и Столе и другите момци во „црвено-црно“ ќе се знае после второто полуфинале.