Веспрем на „црвено-црн“ погон: Лојаница и Дејвис ги построија Борозан, Манасков…(ФОТО)

Ракометарите на Веспрем, кои ќе бидат ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона, денеска означија старт на подготовките. Под водство на Давид Дејвис, како и кондицискиот тренер Марија Лојаница, унгарскиот тим тргна во новата сезона.

На првиот собир беше присутен Вуко Борозан, додека единствен што беше отсутен е Рожерио Мораес, кој ќе се приклучи по завршувањето на Пан Американските игри. Дојдоа другите нови засилувања – голманите Цупара и Секељи, како и бековите Лауге Шмит, Јахија и Пачковски.

Веспрем ќе смета на 20 ракометари во пресрет на новата сезона, од кои секогаш четворица ќе мора да бидат надвор од ростерот за дуелите во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.