Веспрем заинтересиран и за Нилсон?!

Екипата на Веспрем е решена наредната година да атакува на титулата во лигата на шампионите. Како што информираат неколку светски медиуми, по ангажманот на извонредниот исланѓанец Арон Палмарсон, сега во фокусот на унгарците е извонредниот шведски пивот и член на Хамбург, Андреас Нилсон.
Очигледно по банкротот на Хамбург, не е само Вардар тимот кој сака профитира најмногу од целава оваа ситуација. Веспрем покажа дека знае како се “пазари” во преодниот рок и не би било изненадување доколку извонредниот шведски пивот во брзо време биде нивна нова аквизиција.