Веспрем го потврди своето учество во Сеха лигата

Утрово управата на ракометниот клуб Веспрем и официјално потврди дека унгарскиот клуб ќе биде учесник во Сеха лигата во сезоната 2014/15.

По шпекулациите за проширувањето на лигата со словенски и унгарски клубови конечно добар дел од таа замисла се реализира. По вчерашнота официјална потврда од Целје Пивоварна Лашко и Горење Велење, утрово раководството на Веспрем и официјално донесе одлука за учество на унгарскиот клуб во Сеха лигата во сезоната 2014/15. Со овој потег квалитетот на лигата се подига на едно многу повисоко ниво,  и Сеха лигата е на добар пат заедно со бундеслигата да стане најквалитетна лига во светот.

Во однос на проширувањето, се очекува официјален одговор и од вториот унгарски тим Пик Сегед, а се разгледува и можноста Словенија да добие и трет претставник во името на Марибор, што не наиде на воодушевување кај љубителите на ракометот од останатите земји учеснички.