Веспрем броеше до 51 во победа над Егер

Шампионите на Унгарија, Веспрем имаа нов одличен натпревар во првенството и дојдоа и до триумф број 3 во само неколку дена. Веспрем го совлада Егер со 51:30 со што го наполни голот на својот ривал.

Ова беше можност за мирна игра и за тестирање на реализаторските способности, секако и за кревање на нивото на реализација.

Манасков дојде до три погодоци така што продолжи со стандардна форма во првенството на Унгарија. Исто така три гола имаше и Вуко Борозан, а денеска деби гол имаше и Мораеш. Тој успеа четирипати да го погоди голот на противникот.

Ова беше трет дуел кој Веспрем го одигра предвреме поради згуснатиот календар во септември и октомври со натпревари од Лигата на шампионите и СЕХА-лигата.