Веселин Вујовиќ порача: Ова беше нај, нај, нај… Струшки турнир досега (ВИДЕО)

Екипата на Железничар финишираше на 4. место на Струшкиот турнир откако претрпе пораз од составот на Тулуз во битката за 3. позиција 24:32.

Во текот на целиот турнир ракометарите покажаа борбеност, покажаа дека во новата сезона ќе бидат тврд орев за секој противник особено во СЕХА-лигата.

„Знам дека можеме многу повеќе од она што го покажавме тука во Струга. Јас сум само 20 дена тренер на Железничар и ќе ни треба време за да можеме да покажеме уште подобри резултати. На турнирот се виде дека многу ни недостига квалитетен голман. Добро е познато дека добар голман е пола тим“, изјави стратегот на Железничар.

Во однос на струшкиот турнир имаше пофални зборови.

„Ова беше најдобро организираниот турнир досега. Имаше квалитетни екипи и публиката уживаше во ракометот. Задоволен сум што бевме дел од овој турнир и секогаш ќе доаѓаме во Струга доколку добиеме покана за учество“, рече Вујовиќ во изјавата за 24 Ракомет.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.