Вардар Јуниор го остави Металург 2 на дното

Тимот на Вардар Јуниор славеше убедливо на гостувањето кај Металург 2 со 30-38 и го остави составот од Автокоманда на дното на табелата во Суперлигата.

Избраниците на Стојан Петрушевски водеа во целиот тек на натпреварот и не му дозволија на домашниот да се надева на позитивен резултат.

Сега Металург 2 има само еден бод на последното место, додека Вардар Јуниор ја забележа втората победа во шест меча.