Вардар Јуниор го доби трилерот во Струга

Вардар Јуниор се враќа со цел плен од гостувањето во Струга во 4. коло од Супер лигата. Во многу израмнет натпревар и постојани пресврти на резултатот гостите од Скопје славеа со 24:23.

Првото полувреме мина во израмнета игра каде што ниту една екипа не успеа да направи предност. Еднаш Вардар Јуниор имаше плус два, а потоа екипите наизменично имаа само минимална предност. По 30 минути игра беше 13:12 во корист на Струга.

Вардар Јуниор за нијанса подобро го почна вториот дел, направи предност од два гола, но следуваше пад во играта што домашните го искористија и со серија 3:0 повторно беа во предност. До крајот на натпреварот се играше гол за гол, а неизвесноста околу победникот траеше до самата завршница. Гостите подобро се снајдоа во завршните моменти и со головите Андоноски и Јакимовски стигнаа до победата.

Најефикасен во домашниот состав беше Тодор Јанкуловски со седум погодоци, а Кристијан Трајковски постигна пет. Во победничката екипа Стефан Крстевски со шест гола беше најдобар, а веднаш до него Стефан Чакалиќ постигна пет погодока.

СТРУГА – ВАРДАР ЈУНИОР        23:24 (13:12)

Сала: „Тими“ во Струга. Гледачи: 200. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

СТРУГА: М. Стојаноски, А. Стојаноски, Маркоски, Кузманоски 4, Крстаноски 2, Костоски, Славески, Јанкуловски 7, Русески, Ферукоски, Попин, Костоски, Симоноски 2, Трајковски 5, Кицески, Новаковиќ 3.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 2 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Јанковски, С.Чакалиќ 5, Крстевски 6, Гашовски 3, Јакимовски 4, Димевски, Крстевски 2, Х. Чакалиќ, Андоноски 2, Анѓелковски, Стојановски, Анѓеловски, Трајковски, Атанасовски 1, Дука 1.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 6 мин.