Вардар надмоќно преку Пелистер

Некогашното дерби  во македонското првенство, меѓу лутите ривали Вардар и Пелистер, денес можеше да се опише како потежок тренинг на екипата од Скопје. Моќниот Пелистер исчезна и остааа само младите таленти желни за докажување. Од друга страна,  моќниот состав на Вардар требаше да биде мотив повеќе за битолчани.
DSC_0438web
Но единствената драма во почетниот дел од натпреварот беше резлутатската. Се играше мирно и коректно, без жар и поголема борба. Отпорот на Пелистер траеше 15 минути, во кои битолчани имаа и минимално водство, но со брза серија домаќините се одделија на сигурна разлика, која во 27-мата минута со голот на Терзиќ изнесуваше четири гола (15-11),  по истекот на првите 30 минути бардарци задржаа предност од  три  гола, и на пауза заминаа со резултат 15-12.

DSC_0526web

Вториот дел започна охрабрувачки за битолчани, кои со мини серија, се доближија на само еден гол негатива. Во 35 минута, Страхиња Милиќ со одлична одбрана, го спречи обидот на линискиот играч на гостите за израмнување . Екипата на Вардар заигра поангажирано,  со цврста одбрана и одлични два погодока на Душебаев повторно се одалечи на три голови предност. Темпото на игра беше пребрзо за првиот тим на Пелистер, а Вардар го искористи тоа и со серија од 4-0, во 46 минута Душебаев беше прецизен за 24-18. Веќе беше јасно дека остатокот од мечот е само формалност, а печат на овој натпревар стави Марковиќ за конечни 33-22. За победничкиот тим на Вардар, Терзиќ постигна осум, а Душебаев шест голови, додека мечот од клупата го водеше помошникот на Раул Гонзалес, Дејвис.