Вардар доби покана за да биде дел од „PwC Handball Fiesta 2014”

andrea lekic
Андреа Лекиќ беше избрана за најдобар играч на турнирот во Ѓер минаната година. Оваа награда беше прва на Лекиќ во вардаровиот дрес . фото-Márta Kállai
ЖРК Вардар СЦБТ и оваа година доби покана за да се најде на  ракометниот турнир “PwC Handball Fiesta” во Унгарија (Ѓер). Освен Вардар, домаќинот го повика и норвешки Ларвик. Ланската сезона екипата на ЖРК Вардар СЦБТ стигна во финалето на овој турнир преку победите на Мец ( 28:23) и РК Крим Меркатор ( 29:22). Во финалето избраничките на Индира Кастратовиќ беа убедливо поразени од домаќинот Ѓер со 29:21. Натпреварите ќе се играат на 22, 23 и 24 август во Ѓер. Исто како и ланската година, ќе има пренос од натпреварите на некоја од спортските телевизии во Унгарија.