Вардарци донесоа победа за Русија

Четворицата ракометари на Вардар, спортскиот директор и тренерот на голманите на „црвено-црните“ имаа одличен ден со селекцијата на Русија и донесоа победа од 34:20 на почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Десниот бек, Дмитри Кисељев беше првиот стрелец во победата над Италија со пет погодоци. Дибиров погоди четирипати, додека по два гола имаа Калараш и Шишкарев. Сите имаа одличен ден и покажаа дека се во добра форма.

Како што е познато селектор на Русија е спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров додека негов помошник сега е Дејан Периќ, кој е тренер на голманите на Вардар.

Ова беше добар ден за Русите, кои сега може да се подготвуваат за пресметката со Словачка в сабота од 2. коло.