Вардаровиот „кошмар“ го продолжи договорот со Барселона

Еден од најдобрите ракометари на Барселона во дуелот со Вардар, тунискиот репрезентативец, Ваел Жалуз доби нов договор од каталонскиот гигант. Одличните два натпревари во серија против нашиот Вардар беа добра препорака за раководството на актуелниот европски шампион да го задржи тунискиот бисер во своите редови.

Неговиот договор истекуваше на крајот на оваа сезона, па Барселона со навремена реакција го задржа овој талентиран ракометар во своите редови до јуни 2018-та година.

Zalus 1

Жалус пристигна во Барселона од екипата на Кил, но до овој момент немаше некоја посериозна шанса да ги покаже своите квалитети. За жал на македонските љубители на ракометот, Жалус експлодира токму во дуелите со нашиот Вардар, натпревари кои сигурно му ја отворија вратата за продолжување на договорот со Барселона.