Вардарки со пресврт до победа во Гевгелија

Екипата на Гевгелија во 15. коло од Женската лига ја пречека екипата на Вардар. Фаворитот успеа да слави победа и покрај лошиот почеток на натпреварот. Сепак на крајот вардарки ги запишаа планираните три бода и остварија победа со 25:21.

Гевгеличанки имаа одлично прво полувреме, после израмнетиот почеток првото водство со повеќе од еден гол го направија тие, но Вардар брзо се врати.

Во финишот на првото полувреме Гевгелија направи серија од 3:0 и на одмор замина со 13:9. Во второто полуврме Вардар успеа да ги среди своите редови и со пресврт успеа да забележи победа која им дава можност да се борат за висок пласман.

ЖРК Гевгелија – ЖРК Вардар 21:25 (13:9)
сала: 24 Април, Гевгелија. Гледачи:200. Почеток 13:00

ЖРК Гевгелија: Костадинова, Хоел, Анчева 1, Митрова 6, Митревска 1, Стојанова 5, Асановиќ 1, Мандалова, Каранфиловска, Горковска, Димова 3.
Седмерци: 5/5
ЖРК Вардар: Трајковска, Ѓеоргиевска 1, Божиновска 3, Џатевска, Ангеловска, Илиќ, Трпевска 6, Гроздановска, Кстовиќ 4, Диневска 2, Миновска, Седлоска 6, Петковска 2, Васевска, Дамјановска, Николиќ 1.
Седмерци: 4/2