Вардарки го добија последниот ривал за групната фаза од ЛШ

Ракометарките на Вардар во битката по нов пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се соочат со противници од Унгарија, Норвешка и од Германија во првиот дел од групната фаза.

Екипата на Турингер денеска ја доби битката од квалификациите и успеа да го совлада составот на Х65 Хорс со 33:24. На тој начин Турингер се најде уште еднаш во група со Вардар, а таму се и ФТЦ Раил Карго и Ларвик така што вардарки ќе имаат тешка задача за да успеат да стигнат до место во втората фаза.

Се работи за три квалитетни ривали, а веќе e јасно дека Вардар ќе гостува во Германија во 2. коло кое се игра на средината на октомври.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (ЖЕНИ) – ГРУПА Ц

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА ВАРДАР

06.10.2017

Вардар – ФТЦ Раил Карго (Унгарија)

13-15.10.2017

Турингер (Германија) – Вардар

21.10.2017

Ларвик (Норвешка) – Вардар

04.11.2017

Вардар – Ларвик

11.11.2017

ФТЦ Раил Карго – Вардар

17.11.2017

Вардар – Турингер