Ванчо Димовски за 24Ракомет ТВ: Да не бев пикер, веројатно ќе бев лош голман! (ВИДЕО)

По повеќе од 150 репрезентативни настапи за Македонија, еден од најквалитетните македонски пивотмени Ванчо Димовски се прости од број 19 во жолто-црвениот дрес.
По речиси две децении поминати на ракометните терени, собраното искуство, знаење и борбениот дух ќе бидат пресудни за насоката по која ќе продолжи професионалната кариера на ракометарот кој во својата кариера играше за Вардар, Пелистер, Голд Клуб и Металург.

За тоа дали завршил со активно играње на ракомет, како му поминува секојдневието во овие неколку месеци пауза, од каде ја научил препознатливата „вртенка“ и што треба да има еден спортист за да успее во својата кариера можете да дознаете во интервјуто на Ванчо Димовски за 24Ракомет ТВ.