Будуќност ја изгуби битката за второ место

Во директниот дуел за второто место во групата 1 екипата на Ростов беше поуспешна на гостувањето кај Будуќност и се избори за победа од 23:20 со која си го обезбеди второто место во пресрет на последното коло.

Двете екипи одиграа многу тежок и цврст натпревар со малку постигнати голови. Во таквата игра гостинките беа подобри и ја ја однесоа победата. Од почетокот двете екипи се менуваа во водството но ниту една не успеваше да се одлепи. На полувремето Ростов отиде со предност од 11:9. И во второто полувреме продолжи израмнетата борба. Во финишот на натпреварот во последните пет минути Ростов направи предност од четири гола што беше недостижн за Будуќност.

Дека Ростов тимски го доби натпреварот потврдува и тоа што ниту една ракометарка не се истакна премногу, дури единаесет се запишаа во листата на стрелците. Свој придонес даде и поранешната голамнка на Вардар Песоа која запиша девет одбрани. Кај Будуќност најдобра беше Катарина Булатовиќ која постигна седум гола.

Во последното коло Будуќност игра со Брест на гости, а Ростов го пречекува Одензе.