Будуќност преку Астраханочка ги залечи раните од Вардар

По поразот од Вардар минатата недела, Будуќност се врати на победничките патеки со триумфот забележан во Русија над екипата на Астраханочка 34-21 (18-10).

Ирман го отвори натпреварот, а Левша на другата брзо возврати со што го донесе првичното и единствено изеднчување на натпреварот 1-1. Будуќност целосно ја имаше контролата во останатиот дел на натпреварот и не дозволи во ниту еден момент послабиот противник да се приближи. Предводници на големата победа 34-21 беа Неагу и Булатовиќ со 8 и 7 погодоци. Сабирова на спротивната страна постигна 7, а една од најдобрите руски репрезентативки Постнова имаше скромно издание со само 1 погодок од 8 упатени удари кон противничкиот гол.

Со оваа победа Будуќност е на требата позиција со 8 бодови, додека Астраханочка е на последната позиција без бодови.