Будуќност прави клуб – репрезентација: Радичевиќ блиску до камбек во Подгорица?

Едно од најдобрите десни крила во светот, Јованка Радичевиќ, од следната сезона би можела да се врати во тимот на Будуќност.

Според црногорските медиуми, Радичевиќ, заедно со левото крило Мајда Мехмедовиќ, најверојатно повторно ќе го облечат дресот на подгоричката екипа.

Капитенот на црногорската репрезентација и најдоброто лево крило на последниот континентален собир во Фрацнија, по интернационалните искуства, се наоѓаат на пат кон дома.

Нивниот квалитет, како и искуството стекнато од голем број европски екипи како Ѓер, Вардар и ЦСМ Букурешт, ќе бидат непроценливи за Будуќност во годината пред Олимписките Игри.

Камбекот би бил добар не само за клубот, туку и за националниот тим, кој во јуни го очекуваат бараж мечевите со Полска за пласман на СП во Јапонија.

Проблем би можел да биде договорот кој го има Мехмедовиќ со романскиот тим, додека Радичевиќ на крајот на оваа сезона ќе нема договорни обврски кон ЦСМ Букурешт.