Брио: Возбудливото и изненадувачко Европско првенство се ближи кон својот крај и сигурен сум дека возбудувањата допрва следуваат

Пред финалните дуели во Краков и Вроцлав, ЕХФ уште еднаш на конференција пред медумите ги презентираше бројките и успесите на ова Европско првенство во Полска. Возбудливите и изедначени дуели беа една од главните причини за поставување на нови рекорди и патека по која треба да се движат следните домаќини (Шведска, 2016 ЕП жени, и Хрватска 2018, ЕП мажи).

EHF EURO 2016 PRESS Jean Brihault-4733Жан Брио, претседател на ЕХФ:

Им благодарам на сите претставници на медумите, создадовте одличен интерес за овој настан. Истите податоци од првиот се потврдија и во вториот круг, се одиграа одлични натпревари, полно изненадувања и возбудувања. Во Краков и Вроцлав се одиграа натпревари кои никој не можеше да ги предвиди.

Полска беше блиску до полуфинале, можеби мислите веќе им беа во полуфиналето, но играта на Хрватска беше вистинско чудо. Согледувајќи ја целта од 11 голови и потоа остварувајќи ја, само можам да им се восхитувам на таквите селектори кои знаат да ја кренат репрезентацијата до тоа ниво.

Го урнавме повторно рекордот кој беше поставен во Данска, денес пред финалниот викенд 342 115 посетители се забележани на натпреварите од Европското првенство. Ова возбудливото и изненадувачко Европско првенство се ближи кон својот крај и сигурен сум дека возбудувањата допрва следуваат.

EHF EURO 2016 PRESS Michael Wiederer-4721Михаел Видерер, генерален секретар на ЕХФ:

Можеме да потенцираме дека очекувањата околу посетеноста се исполнети, многу ракометни навивачи пристигнаа во Полска, а полските домаќини ги исполнија трибините не само во Краков туку во сите градови во Полска. Кога во прашање е интернациналната глобална гледаност, во Германија не следеа околу 6 000 000 гледачи, додека во Данска не следеа 70% од гледачите на телевизија. Последниот меч на Полска  го гледаа речиси 5 000 000, а со вчерашните натпревари значително се зголеми гледаноста.

Поради елиминацијата на Франција, првите три репрезентации од ова Европско првенство ќе се квалификуваат директно на Светското првенство 2017, додека четвртиот ќе игра бараж. Норвешка и Шведска веќе обезбедија место на олимписките квалификациски турнири, секако доколку Норвешка го освои првенството тогаш ќе се променат работите и Русија дополнително ќе се пласира, но има уште возбудувања до крајот на натпреварувањето.

EHF EURO 2016 PRESS Marcin Herra-4736Марчин Хера, претседател на организацискиот одбор:

Нашиот слоган е почуствувај ги емоциите и сигурен сум дека вчера сите ги почуствуваа најдлабоките емоции во повеќе европски земји. Среќен сум околу бројот на посетители, целта ни беше да создадеме одлична атмосфера не само во Краков, туку и во Вроцлав. Се надевам дека утре и во недела ќе биде полна арената, бидејќи ова е Европскоо првенство и мораме да оддадеме почит кон она што претставува еден ваков настан. Билети за полуфиналните дуели и финалето се уште има и се пуштени во продажба, се надевам дека  и полските навивачи ќе бидат дел од атмосферата и ќе го направат финалето незаборавно.