Бранислав Ангеловски: Откажавме силен турнир бидејќи покана од Наумче не се одбива (ВИДЕО)

Екипата на Констанца во неделата играше во финалето на Струшкиот турнир каде беше поразена од тимот на Целје со 24:25. Констанца одигра добар турнир на кој се виде дека ракометарите се во добра форма. Екипата ја предводи Звонко Шундовски, а дел од стручниот штаб е и Бранислав Ангеловски.

За Констанца на теренот беа и голманот Никола Митревски и главниот дефанзивец во тимот, Велко Маркоски. И двајцата покажаа одлична игра на Струшкиот турнир и беа меѓу виновниците за пласманот во финалето.

Бранислав Ангеловски имаше долг коментар за сето она што во моментов го работат со клубот, а потврди дека со задоволство пристигнале во Струга иако имале понуда да играат и на друг силен турнир.

„Сум играл многупати на овој турнир и секогаш било прекрасно. Можам да искажам голема благодарност на организаторот за поканата. Кога се јави Наумче не се двоумевме и откажавме силен турнир. Излеговме во пресрет, а знаевме што ќе добиеме со настапот овде. Имаше две екипи кои се во Лигата на шампионите, а четири во Купот на ЕХФ. Тука е и домаќинот Струга, кој беше многу подобар од претходната година. Ова ми е втора година да сум на оваа позиција во клубот по ред откако претходно седум години настапував како играч“, коментираше Ангеловски во изјава за 24 Ракомет пред пласманот во финалето.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.