Бојана Поповиќ ќе го менува Аџиќ на клупата на Црна Гора

Легендарната ракометарка Бојана Поповиќ, која на кратко ја прекина пензијата и се обиде да и помогне на нејзината Црна Гора на ОИ (повеќе и одмогна), е назначена за В.Д. селектор на местото на Драган Аџиќ, кој по дебаклот во Рио реши да го напушти кормилото.

Откако Предраг Бошковиќ најави повлекување од функцијата претседател на РСЦГ, ќе се почека прво да биде избран нов предводник на црногорскиот ракомет, а потоа ќе се разгедуваат сите кандидатури за селекторското столче.

Поповиќ овие денови и дефинитивно се врати во пензионерските денови како играч, но офицјално ја започна тренерската кариера како помошник на Аџиќ во составот на Будуќност.