Бојана Поповиќ: Можеме да го победиме Вардар

Некогаш најдобрата светска ракометарка а сега на функцијата спортски директор на ЖРК Будуќност, во интервју за црногорскиот портал pobjeda.me говори за својот живот по завршувањето на ракометната кариера, новата улога како спортски директор, како и за првиот натпревар во ЛШ против екипата на Вардар.

На прашањето дека на премиерата во новата сезона во ЛШ на шампионите во Подгорица гостува “дрим-тимот” на Вардар, Поповиќ вели:

Ракометниот свет и кладилниците ги креираат фаворитите врз основа на финансиската моќ и пазарот кој го направиле во преодниот рок. Мене лично ми се допаѓа тоа што тие мислат дека се фаворити, и дека се “дрим-тим”. Купија многу квалитетни ракометарки и драго ми е што ќе играме со квалитетна екипа како Вардар, бидејки кога играте против силни екипи знаете до каде е вашата форма. Се подготвувавме подеднакво за сите ривали. Мислам дека непотребно се крева тензија пред овој натпревар. Мислам дека можеме да се носиме со големиот Вардар и да дојдеме до првите бодови во ЛШ.

фото: www.pobjeda.me