Борозан играч на мечот против Брест: Тероризирање на голот на Мијатовиќ (ВИДЕО)

Левиот бек на Вардар, Црногорецот Вуко Борозан е проглазен за играч на натпреварот против Брест Мешков во 3. коло од СЕХА-лигата. Тој имаше одлична партија, а со своите прецизни шутеви од далечина буквално го тероризираше голот на сонародникот Раде Мијатовиќ.

Доказ за тоа е и видеото кое е подготвено со најдобрите моменти од неговата игра што само покажува дека Борозан имаше феноменална партија на средбата против Брест и влегува во одлична форма пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите.