Борко: На Червар не му посакувам се најдобро, а Хрватска да стигне што подалеку на СП!

Македонија има два од два на стартот на СП во Данска и Германија, а еден од најзаслужните за овој резултат е голманот Борко Ристовски. Според него ова е одлична увертира за она што престои, а тоа секако е најтешкиот дел од првенството кога ќе треба да се судриме со репрезентации од типот на Шпанија, Хрватска и Исланд.

“Па добро задоволни сме од двете победи, но кажав и претходно треба да бидеме доста претпазливи бидејќи ова е само почеток на СП. Потешкиот дел допрва ни следува, доаѓаат далеку посериозни противници од овие кои ги совладавме. Најважно е да не не фаќа еуфорија и да мислиме дека сме направиле кој знае што. Овие две победи треба да ни дадат самодоверба пред се на младите ракометари и да пробаме да победиме на некој од следните три натпревари, а кој ќе биде тоа ќе видиме.

Во однос на малото опушатање во натптреварот и следниот натпревар против Хрватска на чие чело се наоѓа Червар, Ристовски со коментар:

“Добро тоа не беше некој пад, повеќе би рекол мало опуштање бидејќи ние кои редовно настапуваме на вакви натпреварувања свесно ги чуваме силите за следните предизвици. Никој од нас поискусните ракометари не настапи со 100% од силите можеби и тој така да го наречам условно пад, меѓутоа го државме натпреварот под контрола. Меѓутоа пак ќе повторам ова беше само една увертира за тоа што следи и дека сето ова ќе падне во вода ако не добиеме некој од следните три натпревари. Што се однесува до Хрватска и Червар не е тоа некој посебен мотив за мене, тоа е натпревар како и секој друг.Хрватска е репрезентација која се вбројува во првите пет репрезентации на ова СП, и сигурно дека самиот настап против таква репрезентација на СП е мотив сам по себе и не треба да се бараат никакви дополнителни мотиви. На Червар не му посакувам се најдобро бидејќи играме следен натпревар против нив, но на хрватските репрезентативци и навивачи им посакувам да стигнат што подалеку на ова СП”.- заврши македонскиот репрезентатив голман.