Бодрете ја Македонија – по битолски! (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација вечерва го игра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство за две години во Шведска, Австрија и Норвешка, а ривал е Турција.

Дуелот се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, која беше исполнета уште еден час пред стартот на натпреварот. На сите седишта во салата, се наоѓа хартиено парче од македонското знаме, кое гледачите треба да го кренат по интонирањето на химната.

Во пораката има напишано еден збор на битолски дијалект и гласи:

„После првиот свиреж на судијата, да се КРЕНИ знамето“.